Сланата која падна пролетва на 8-ми април предизвика штети од 8,6 милиони денари

Петар Печков

Сланата и мразот, кои паднаa пролетва на 8-ми и 9-ти април годинава во велешко, причиниле штети од 8,6 милиони денари. Ова е проценката која ја направи Комисијата за проценка на штети а на седница ја прифати Советот на општина Велес. 

До оваа комисија пристигнале седум пријави за измрзнување на родот од мраз, слана, сињак.  Штетите биле констатирани кај мигдали, круши, кајсии и праски, а регистрирани во Велес, Згрополци, Караслари, Раштани и Црквино. 

Елаборатот за проценета штета од измрзнувањето што зафатија дел од територијата на Општина Велес на  8-ми  април  2021 година е испратен до Генералниот секретаријат на Владата, Републичката комисија за проценка на штети од природни непогоди и други несреќи, Министерството за финансии и Државниот завод за статистика. со  предлог  за целосно или  делумно обесштетување.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати