Советниците од СДСМ со приемен ден за граѓаните

Петар Печков

Советничката група на  СДСМ и коалиционите партнери, одржа прес конференција на која објави дека започнуваат со приме на граѓани, кои имаат реакции, идеи од и за локалното живеење. 

 Во согласност со транспарентноста, отчетноста,   отворенито пристап кон граѓаните кои се дел од карактеристиките на СДСМ   и  коалицините партнери, советничката група започна со приемни денови на граѓаните. Тие ќе се реализираат секој вторник до 12 до 14ч. Тогаш секој жител   кој  се соочува со проблеми кои се под ингеренција на локалната власт, може да разговара со советниците и заедно да изнајадат решение. Тогаш може да споделат свои идеи, свои размислувања за подобрување на животот во локалната самоуправа - рече Весна  Стојанова Богоевска координатор на советничката група на  СДСМ во Советот на  Општина Велес.   

Таа реагираше  и што советниците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  не учествуваат во работата на комисиите, кои се составен дел на Советот на Општина Велес.

Прво имаа  оправдување дека немале доволен број на  членови на комисиите а потао со објаснување  одбија да учествуваат со изговори кои не се  поврзани со  работата на Советот на Општина  Велес, со Општина   Велес , ниту со обврските кон граѓаните . Тоа е неодговорност за добиените позиици но  затоа народните пари кои ги земеат, ги земаат без забелешки - рече Стојанова Богоевска. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати