Сообраќајка кај Каратманово настрада жител на Мамутчево

Петар Печков

Саботата навечер жител на село Мамутчево загина во сообраќајка, која се случила на  магистралниот пат Велес – Штип. Педесет и три годишниот Томе Јакимовски смртно настрада откако бил удрен од автомобил со кој управувал струмичанец.

На 14.10.2017 година околу 23,15 часот на магистралниот пат А-3 Велес – Штип кај клучката за село Каратманово, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Пежо 406“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.М.(33) од Струмица удрило во пешак Т.Ј. (57) од село Мамутчево – Велес. Поради тежината на повредите  истиот починал на лице место, а возачот не застанал туку продолжил кон Секторот за внатрешни работи - Велес, каде го пријавил случајот. Увид извршила екипа од Полициската станица – Свети Николе, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. О.М. е приведен во полициска станица - информираа од МВР.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати