Сообраќајка кај клучката за Градско, тешко повредена жена -возач на автомобил

Петар Печков

Вчера, вторник,  доцна попладне сообраќајна незгода,  во која едно лице е тешко повредено. Сообраќајката се случила после  клучката кај Градско, повреденото лице завршило на Ургентен во Скопје. СВР  Велес со детали на настанот.

.„На 16 август во 19.20 часот било пријавено дека на автопатот Скопје–Неготино после клучка Градско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(53 год) од Валандово и товарно моторно возило „рено“, со полски национални ознаки управувано од З.Р.(49 год) од Полска“ - информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Извршен бил увид од  Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.  

Прва здравствена помош на повредената и дала екипата на Итната Помош, која констатирала политрауми кај жената и ја префрлила на хируршко одделение од велешка Болница.  

„Примена е повредена пациентка, кај која има повеќе скршеници. Таа била во безсознание, но во стабилна состојба,, резимирана и префрлена на Ургентен во Скопје“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати