Сообраќајка на две малолетнички, излетале со автомобилот од патот

Петар Печков

Вчера, средата напладне, автомобил излетал од патот и се превртел. Полесно се повредени двете девојки кои биле во него и биле малолетни.  Сообраќајката се случила околу 11ч. близу крстосницата за Башино село, на улица акдемик Пенчо Давчев.   Од МВР го потврдија настанот. 

Автомобил марка опел тигра, управувано од девојка малолетник излетало од патот, удрило во дрво. Двете девојки  со возило на Брзата помош се префрлени во велешката Болница - информираа од МВР.

Од ЈЗУ Општа Болница  портпаролот Марина Андова изјави дека биле донесени две малолетни девојки, возачот бил со лесни телесни повреди а сопатникот префрлен на скопските клиники заради снимање на комјутерски томограф, но не била во живното загрозувачка состојба. 

Екипа на СВР Велес извршила увид, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати