Средата и четвртокот во Велес регистрирани високи концентрации на ПМ 10 честичките

Петар Печков

Изминатите два дена, среда и четврток, квалитетот на воздухот во Велес беше лош, загаден со ПМ 10 честички но и ЅО2, CО и  NO2. Вредностите се посебно високи, над дозволените, посебно во вечерните и утринските  часови. Средно дневните концентрации на PM 10 честички измерени на мерна станица Велес 2,  за деновите 23 и 24 декември 2020 година се  106,90 μg/m3 и 109,34 μg/m3. Бидејќи со ова е надминат прагот за информирање, кој е два дена измерени вредности над 100 мг/м3,  локалната власт излезе со препораки до граѓаните.

Согласно последните резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес  ги известува граѓаните за високи концентрации на ПМ 10 честички во амбиенталниот воздух - соопштија од локалната власт. 

Препораки за граѓаните се: рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, да се одложат сите активности на отворено, да се користи суво, а не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците, возила да не се користат без поголема потреба, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и  синтетички материјал.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати