Српскиот хит филм „Јорговани“ премиерно пред велешката кино публика (видео)

Петар Печков

Наредните седум дена на репертоарот нa 3Д киноверзум се четири филма, од нив два се премиерни.


Српскиот филм „Јоргобани“ е првата премиера. Катарина (Слобода Миќаловиќ) и Игор (Иван Босиљчиќ) се актери кои се заедно и на екранот и надвор од него. Заслепени од блесоците и оглушени од аплаузите, Катарина и Игор, иако неразделни, долго време ниту се слушнале, ниту се виделе, до доделувањето на наградите за најдобра серија на годината, каде ќе се собере целата екипа. Таму јасно се гледа и лицето и  позадината на филмската и телевизиската индустрија во Србија  ќе стане јасно дека нивните животи се поголема мелодрама од онаа што ја снимија.


Американската акција, трилер, „Земја на злото“ е исто така премиера.  Кога тим на армиски ОДА ќе биде погоден од заседа, нивната единствена надеж лежи во пилот на ЈТАЦ (Лиам Хемсворт) и пилот на дрон (Расел Кроу) за да ги водат низ брутална 48-часовна битка за опстанок.


Хоророт „Замислен“ е на трето место по гледансот во светот изминатито викенд.   Жена се враќа во  домот од детството, за да открие дека имагинарниот пријател што го оставила зад себе е многу реален и несреќен што го напуштила.
 

Најгледаниот филм минатиот викенд во светот   е цртаниот  Анимираниот Кунг фу панда стаса до 4 дел.  Откако По ќе биде избран да стане духовен водач на Долината на мирот, тој треба да најде и да тренира нов воин на змејот, додека злобната волшебничка планира повторно да ги повика сите господари негативци кои По ги победил во духовното царство.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати