Трактор излетал од пат, го прегазил возачот

Петар Печков

Претпладнево во близина на кавадаречкото  село Дреново, тракторист  излетал од патот, машината го прегазила, па возачот починал.  Деталите од информацијата на СВР Велес.

„Денеска 7 ноември  во 9 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д.(53 год) од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт“ – информиpаше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

Увид  на лице место на сообраќајниот инцидент, извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати