Три случаи на позитивни со ковид-19 во Велeс, сите три скопски и петмина оздравени

Петар Печков

Во Велес во текот на вчерашниот ден регистрирани се три случаи на позитивни со ковид-19 и петмина оздравени, објавија од Центарот за јавно здравје Велес.  Со ова бројката на активни случаи во велешко е 21 случај.

Двајцата од новозаразените се скопјани, кои се тестирале во Велес, двајца сопружници и двајцата се позитивни. Третиот случај е велешанец, полицаец  кој работи во Скопје. Има петмина оздравени, четворица се од домашно лекување а еден е од Инфективно оддление. Тие биле негативни на два последователни  теста, од земениот брис – изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

Досега вкупно заразени се 212 лица, оздравени се 177 а починати се 13. На инфективно одделение од велешка болница сместени се 18 пациенти, 17 се потврдено позитивни а за едно лице се чекаат резултатите. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати