Петар Печков
Објавено: четврток, 12 декември 2024
Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН, додека таа била на работна задача. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 11.12.2024 во 11.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Е.Б.(18 год), Р.Б.(23 год) и Ф.В.(27 год), сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнале вработени во ЕВН Македонија, кои извршувале службени задачи, по што фрлале тврди предмети кон нив и нивното службено возило“ - информриа Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.