Уапсени петмина велешани го голема акција на МВР, заработија и притвор

Петар Печков

Минатата седмица е спроведена голема  акција на   Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција заедно  со Министерството за внатрешни работи на подрачјето на Скопје, Велес и Тетово.

Преземени се дејствија за процесуирање на поднесената кривична пријава од страна на МВР против шест лица поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, Криумчарење мигранти по член 418-б и Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти по чл.418-в од Кривичниот законик. Од овие шест лица, пет биле од Велес., одговорија од МВР  на поставеното прашање од ТрМр. 

Како што веќе информиравме, во предметот за кој покажувате интерес, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија по поднесената кривична пријава од страна на МВР против шест лица, од кои петмина се од Велес поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, Криумчарење мигранти по член 418-б и Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти по чл.418-в од Кривичниот законик – додаваат од Обвинителството.  

Организираната криминална група во периодот од април до септември годинава, вршела неовластено организирање, купување заради продажба и пренесување на 146 кг наркотична дрога марихуана, како и криумчарење мигранти низ територијата на Република Македонија од границата со Република Грција кон Република Србија.

Против сите шест лица надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка и до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Предлог за определување мерка притвор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати