Удрил во куче, излетал од пат

Петар Печков

Четвртокот попладне  на делницата од автопатот А1 „Велес – Скопје“, се случила сообраќајка. Има едно повредено лице. Јајцата кои ги  превезувал со  пик ап се искршиле.

Во 16.30ч.  на автопатот  Велес – Скопје,  поточно на 440 м. од „Штипска клучка“ кон Скопје случена е сообраќајна незгода.  Возачот Р.Д.(33год) од Кавадарци  со патнички автомобил марка „Фиат Дабло“ со неготински регистарски ознаки, удрил во куче скитник кое било на средишниот дел од коловозот. Потоа излетал на левата страна надвор од коловозот на автопатот и се превртел со возилото. Од незгодата возачот се здобил со повреди и со возило на ИМП е пренесен во ЈЗУ ОБ Велес- информираше портпаролот Верољуб Додевски од СВР Велес. 

Од Велешката болница, во отсуство на овластено лице,  нема информација  за какви повреди се работи и каде се наоѓа  пациентгот.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати