Украдени 30-тина метри жичена ограда па домашни животни шетаат по гробиштата кај Св. Спас

Петар Печков

Кражбата на жичената ограда, околу гробиштата на црквата Св. Спас стана секојдневие, реагираат од ЈКП Дервен. Тие денес информираа дека деновиве била извршена нова кражба, по што  домашните животни, можат непречено да влегуваат во просторот на гробиштата.


„На ден 10-ти април, трет пат по ред беше извршена кражба на оградата околу гробиштата кај црквата Св. Спас. Овој пат украдени се околу 30 метри жичана ограда, како и урбана опрема. Вработените од ЈКП Дервен во рамки на своите надлежности веднаш го пријавиле случајот во полиција. Сторителите се познати па очекуваме да бидат преземени соодветни мерки од страна на полицијата, за да се спречи во иднина ваквиот вандализам“ - велат од ЈКП Дервен.

Дополнуваат дека  секој обид да се оградат гробиштата од страна на ЈКП Дервен и да се спречи влегување на домашни животни и улични кучиња и мачки, би бил залуден.

Велешани кои имаат гробни места на оваа црква се револтирани од тоа што таму се случува и бараат полицијата да преземе мерки заради безбедноста на граѓаните.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати