Упис за прва година средно 2020-21, се е исто како лани

Петар Печков

Министерството за образование ги објави слободните места за упис во прва година во средните училишта. Се е исто како минатата година, истите бројки, истиот број на бодови, истиот број  паралелки, истите струки.  Во Велес, четирите школи имаат можност за запишат 1011 ученици во 30 одделенија, од кои три се со настава на албански јазик.

Деветто одделение во велешко завршуваат  590  ученици. Во  Велес  435, Градско 38,   Чашка 104,  Лозово 13. Лани во Велес и соседните општини завршија 617 ученици, годинава 27 деца помалку, но затоа останува истиот број на слободни места 1011. Во Велес завршуваа 435 девето одделенци, а лани имаше 464. Во основното во Иванковци завршуваат шест ученика. 

Најмногу 399 слободни места има во УСО ,,Коле Неделковски кои ќе посетуваат настава во две струки машинска и електротехничка  со по пет одделенија. Машинската струка има места за 161 ученик во насоките машински техничар и  машинско- енергетски техничар, техничар за компјутерско управување и машински техничар за моторни возила,  техничар за производно машинство и на албански јазик за машински техничар. Сите се со настава по четири години и за автомеханичар/заварувач со настава на три години. Во електротехничката струка има место за  170 ученици во насоки за електротехничар за компјутерска техника и автоматика, електротехничар за електроника и телекомуникации, електротехничар -енергетичар и на албански јазик за  електротехничар за електроника и телекомуникации, сите со настава од по четири години. Во сообраќајната струка еден клас за техничар за транспорт и шпедиција со четири години настава и за угостителско - туристичка струка еден клас за готвач/келнер со настава од три години. 

 Во Хемиското училиште ,,Димитрија Чупоски,, има 238 слободни места во седум паралелки. Во хемиско - технолошка струка - 102 ученици, прехранбен техничар, техничар за заштита на животна средина со по четири години образование и  месопреработувач  3 години. Во здравствена струка - 102 ученици има  3 паралелки -медицинска сестра и фармацевтски  техничар со по четири години образование и  болничар- негувател со 3 години. Останува струката за   лични услуги една  паралелка техничар за козметичка нега и убавина со четири годишно образование. 

Во Гимназијата ,,Кочо Рацин,, има 204 слободни места  во шест паралелки, од кои една е на албански јазик. И годинава таму нема да има истурена паралелка од Спортската Академија. 

Во прва година Економско  ,,Јовче Тесличков,,  ќе се запишат 170 ученици во пет паралелки со настава на македонски јазик економски техничар две паралелки,  бизнис администратор , правен техничар сите со по четири години настава и за  продавач- референт за продажни услуги насока  која е со  три  години настава.

Министерството за образование првото пријавување и запишување на учениците  го најавува за 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година. 

Уленици може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020.  

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати