Утрово нов верижен судир, на влезот во Иванковци, тројца полесно повредени

Петар Печков

Нов верижен судир претпладнево во велешко. Во близина на село Иванковци , кај гробиштата, се судриле шест возила велат сведоците, според кои причината била голомразицата. Четири од учесниците во сообраќајката  биле автомобили и две пик ап возила за дистрибуција на леб и другото за млеко. Повредени биле три лица.   Сообраќајката се случила  околу 8 часот.

Утринава со едно возило и една екипа интервенирано е на сообраќајка на приодот кон село Иванковци. Повредени се тројца патници, кои се превезувале во ист автомобил. Дадена е неопходната прва помош и се пренесени во Општа Болница Велес, за натамошен третман - изјави д-р Страхил  Тодоров, портпарол на Итната служба при ЈЗУ Здравствен дом Велес.   

Во велешката Болница биле примени три лица М.К. (67 год), М.Ѓ. (59 год) и Д.М. (55 год) кој го управувал возилото  ,,голф 4,, сите жители на село Иванковци. Портпаролот на Општа болница Тодор Јаковлевски кажа  дека сите тројца повредени се здобиле  со полесни телесни повреди.

На ортопедија примени се тројца пациенти, на кои итно им беа направени рендген снимање и лабораториски испитувања, а на еден од нив и компјутерска томографија на глава и врат. Лекарите констатираа полесни телесни повреди, но се задржани на опсервација - изјави  Јаковлевски.

Од велешката полиција ја потврдија сообраќајката и дека нивна екипа е на увид на лице место.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати