Утрово освоен највискиот врв на Австрија Глосглокнер, по замрзната и снежна рута

Петар Печков

Уште една успешна акција на Алпинистичкиот Клуб  Велесин.  Денес 4 март, утрово во 9ч.  реализирано е  успешно освојување на највисокиот врв на Австрија – Гросглокнер  висок 3.798 м. Тоа  е извршено и покрај предизвикувачките тешки зимски услови во областа Тирол, каде претходните денови наврнал нов снег во висина од околу половина метар.

Освоен е во исклучиво тешки снежни услови, ја сочинуваа  тројца учесници – по еден планинар од Куманово и од Битола, додека водич на оваа технички сериозна акција беше иако млад по години, искусниот Слободан Димовски – Бобо. Неговите уште свежи искуства од утрово, ги пренесе за посетителите на ТрМр.

„Почеток на акцијата беше паркингот кај Lucknerhaus на 1920 м, а продолжи со отежнато движење низ нов длабок снег до домот Studlhutte на 2802 м, каде што преноќивме. Следниот ден се упативме кон домот Erzherzog -Johann-Hutte на 3454 м. Движењето од првиот до вториот дом беше по стрмни, снежни падини, минувајќи ја глечерската, замразната  рута со комплетна алпинистичка опрема -дерези, јаже, појас, шлем, цепин. Во зимската просторијата -бивакот на домот Erzherzog-Johann-Hutte имавме уште едно преноќување. Денес на 04/04/2025 се упативме кон врвот и сите учесници успешно го освоија“ – порача Димовски. Искачувањето денес го започнале во 4 часот а на врвот Глосглокнер биле во 9ч.

Ова беше шесто успешно искачување на Гросглокнер во историјата на клубот, но прво вакво искачување за планинарите од Куманово и Битола. И покрај зимските услови, целата акција била изведена безбедно и во одлична атмосфера.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати