Училиштето ,,Панко Брашнаров,, со нови ПВЦ прозори

Петар Печков

Се менува старата дограма во ново формираното  училиште ,,Панко Брашнар,,. Таму се во тек градежните работи за замена постојната  дрвена столарија со енергетски ефикасни ПВЦ прозори. Училиштето  го посетија   заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски .

Овој проект овозможува замена на дваесет и седум стари, дрвени рамки на прозори, со што ќе се подобрат условите за работа на училиштето, а со тоа се придонесува училишната зграда да биде енергетско ефикасен објект. Очекуваме заштеда од 25 до 30 отсто. Така имаме два бенефити, помалку загадуваме и штедиме средства - изјави Макрадули. Тој со градоначалникот Коцевски  се договорил кои училишта и градинки ќе бидат на приоритетната листа за годинава од општината, не само со ПВЦ прозори туку и со ново  еколошко греење. 

Преку програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година на Владата, на Општина Велес и обезбеди средства во вкупен износ од 955.800 денари со вклучен ДДВ кои се наменети за замена на дотраените прозори и кои многу долго беа проблем на учениците и на наставниот кадар во ова училиште  - рече градоначалникот Коцевски. 

Градежните работи започнаа минатата седмица, а изведувач на работите е „МИ Комерц 2000” од Кавадарци. Така учениците ќе добијат и звучна изолација.  Освен во ова училиште годинава Коцески најави дека ќе се работи и на други, и тоа на три нивоа, освен поставување нови ПВЦ прозори, ќе градат енергетско ефикасни фасади и трето - промена на топловодните системи со  еколошки прифатливи системи. Најмногу од училиштата  во општината се греат на нафта.

Најголем проблем е училиштето во Бузалково, каде училниците се згреваат на дрва. Таму има дури 11 ќумбиња.  Побарав средства од министерот за образование, за жал годинава не  се предвидени. Во Превалец го сменивме греењето  и сега таму  се користат пелети -додаде Коцевски.  Директорот на училиштето Трајче Малинов најави дека ОУ ,,Панко Брашнаров,, наскоро ќе добие нови столчиња и клупи. 

Поврзани »

Роденденски попусти во dm во Велес!

Со попуст од 15 проценти на АПСОЛУТНО СÉ, па дури и на веќе намалени производи, dm дрогеријата во Велес ќе го прослави својот 5 роденден. Детали

РОНТИС вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

  • да
  • не
Резултати