Уште една тропска ноќ, кога температурата во Велес не се симна под 26 степени

Петар Печков

Уште една тропска ноќ во Велес. Изминатата, температурата во градот , не се симна под 20 степени, минималната ноќва била 25,7 степени во 5ч. според УХМР. Во 3 ч. биле измерени 27 степени.  Веќе во 9 ч. температурата на воздухот во градот беше 30 степени. Овака жешка ноќ имавме и на 9-ти јули.

Летово највисоката темпертура во Велес беше измерена на 7 јули, понеделник во 16ч. 39,6 степени.

Тропска ноќ е кога температурата на воздухот во населеното место, не е пониска од 20 степени.

Висинита на температурата се мери со мерен инструмент, поставен на височина од два метри над тлото, засолнет во дрвена куќа, не изложен директно на сонце и повришната под него да биде земјена. Мериниот инструмент на УХМР во Велес е поставен близу до хелиодромот на велешка болница.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати