ФК Превалец се искачи на трето место во Третата фудбалска лига Југ

Петар Печков

Во 20-тото вонредно коло од Првата женска лига фудбал, екипата на ЖФК Борец во Прилеп загуби со 5:0 од трето пласираната екипа на ЖФК Деспина. Со овој пораз велешанки се 11-ти со 19 бода а во следното коло се слободни, паузираат.  

Иако не играше, ФК Локомотива од Градско остана лидер во Третата лига Југ, со четири бода предност пред ФК Ново Црнилиште. ФК Превалец славеше дома  од 4:2, против ФК Обршани кој беше седмо пласиран. Со оваа победа, превалчани се третопласирани со 37 бодови, колку што има и ФК Братство07.  ФК Илинден од Башино село, не отпатува во Удово, да одигра натпревар против екипата на ФК Младост.  Остануваат последни 15-ти.

Во следното ФК Локомотива во Градско игра со ФК Питу Гули од Крушево кој е 12-ти со 17 бода, ФК Илинден БС игра со Напредок прилепско Крушеане кој е шестопласиран, а ФК Превалец гостува во Големо Коњари на истоимената екипа која е 14-то пласирана.

Победа и пораз за пингпонгарите на Борец ТИМ. Во 11-тото коло славеа тесно од 4:3 над Винспин а во следното 12-то коло загубија од составот на Кочани со 2:4. По ова велешани се петти, од седум екипи во Прва лига, со три победи. До крајот играат уште два натпревари, со лидерот Мултитекс и решавачкиот за опстанок во ова друштво со составот на Крушево, кој има исто така три победи. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати