Петар Печков
Објавено: петок, 27 јуни 2025
Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Велес ги објави резултатите од редовните анализи за квалитетот на водите на езеро Младост. Стручните лица бараат да се изврши проверка, колку цијанотоксини има во водата.
„Од извршнениот санитарно-хигиенски увид на Езеро Младост се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи,пифтиести сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата. Водата не смее да се користи за капење и рекреација, додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини“ - пишува во извештајот на ЦЈЗ Велес, потшишан од повеќе стручни лица доктори.
Анализите на квалитетот на водата на езеро Младост била извршена во четири наврати, по два при крајот на мај и два на почетокот на јуни, од Градска плажа, на влезот од езерото и кај Хотел Романтик.
Првите испитувања, во мај на двете плажи покажале дека микро бактериолошки, водата е со одлични физичко –хемиските параметри, кои одговараат за 5-та класа по сатурација, 3-та по присутна матност ,2-ра класа по присуство на амонијак. Испитувањата во јуни покажале дека и на двете плажи водата микро биолошки не одговара за вода за капење.
Причината поради која досега не се испита присуството на цијанобактерии и дали таа содржи цијанотоксини, е високата цена за таква една анализа, која на Балканот се врши единствено во Љубљана Словенија.
Неодамна Владата издвои 10 милиони денари за решавање на проблемот на езерото Младост, средства со кои ќе управуа ЈВП Лисиче, концесионер на водата од езеро Младост. Немањето нa средства е причина што и по еден месец откако беа набавени, десетте аератори за водата од акумулацијата, не се поставени. Шест се водоскоци кои ја исфрлаат водат во височина, два пропелери – со перки кој прават површинска аерација и две se турбини, кои прават длабинска аерација и носат воздух до осум метри длабочина.
Водата од акумулацијата не смее да се кроисти ниту за полевање. Но од вчерашниот ден, истата се црпела за полевање на околните лозја. Оваа информација ја потврдија и од ЈВП Лисиче.
„Компанијата е предупредена дека водата не е за полевање, мерка од надлежните здравстени институции. Фирмата има важечки договор за користење на водата за полевање и нивна е одговорноста што ја користат“ – одговорија од ЈВП Лисиче за користењето на водата за полевање.