Петар Печков
Објавено: петок, 03 октомври 2025
Вчеравечер во Ликовниот салон во Велес, отворена е изложба на дела од црногорскиот уметник Алдемар Ибрахимовиќ, кој работи и живее во Рожаје. Авторот пред велешани се претставува со 20 дела изработени во масло на платно, создавани последните 10-тина години.
„Делата се мои доживувања, животни фрагменти. Насловена е „Урбани кулиси“ оти животот е театар, луѓето се пред тие кулиси. Тоа е мојата приказна, за животот и луѓето, низ слики“ – рече авторот Ибрахимовиќ.
„Алдемар е уметник чиј творечки израз се движи помеѓу современото и калсичното, со силeн личен печат, во истражувањето на бојата, формата и човековата емоција. Неговите дела ја носат моќта на интимната исповед, но и универзалноста на уметноста која го поврзува човекот со просторот и времето“ – рече Ангел Коруновски, скулптор и директор на велешки музеј, организатор на изложбата.
Ова е прва самостојна изложба на Ибрахимовиќ во Македонија, а во Велес има работено пред 20-тина години на сликарската колонија „Папрадишки мајстори“. Досега имал 60-тина самостојни зибори. Тој има завршено Факултет за ликовна уметност во Сараево