Четири дена децата ученици учеа како да напишат книга, преку проектот „Лето во библиотека“

Петар Печков

Децата ученици, учеа да пишуваат книга. Во четири дена, тие преку различни форми, ги добиваа знаењата и информациите како се создава книгата. Ова беше проект на градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, насловен „Лето во библиотека“. Претходно децата се пријавуваа за учество.

„Целта на овој проект е да се влијае кај децата и целокупната јавност за значењето на книгата, да се мотивираат за читање на книги како и поттикување на љубов кон книгата. Првиот  ден  учениците го  осознаваа за патот на книгата - од идеја до полица. Втор ден работеа за правописот во македонскиот јазик, основен елемент за добра книга.  Трет ден беше посветен за оживувањето на книгата преку илустрација. Последниот ден беше посветен на мојата книга“ – кажа Снежана Бошевска, директорка на библиотеката.   

При работата првиот ден децата имале средба со роднокрајните автори Сања Стојанова и Наташа Брезовска Богоевска, кои ги  запознале за патот на книгата од идејата на авторот што ја има, како ја пишува книгата, поимот издавачка куќа па се до местото на книгата во библиотечните полици. По ова децата учесници, во улога на автори осмислиле тема за што ќе пишуваат во својата книга. Креирале насловот, корица, издавачката куќа и битни податоци за книгата.

Втор ден од страна Снежана Петрова Џамбазова им била објаснета улогата на лекторот пред да се печати една книга. Таа им укажала на најчестите правописни грешки. Преку игра препознавале погрешно напишан збор и ја поправале грешката. Потоа децата започнале со пишување на приказната од својата книга. Третиот ден  децата имале средба со илустраторот Евгенија Андреева која што им објаснила колку е важна илустрацијата за една книга. Последниот ден од проектот  дeцата учесници ги презентирале своите книги.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати