„Кристал“ бренд е на 14 позиција меѓу најсилните во Македонија

Петар Печков

Брендот „Кристал“  се најде меѓу најзначајните 25 македонски бреднови според истражувањето на VALICON TOP BRANDS 2025. Производите на велешка Маслодајна, маслото за јадење и маргаринот Кристал се препознатливи за македонските потрошувачи. 

Брендот Кристал е рангиран на 14 позиција меѓу најсилните брендови во Македонија. Неговото присуството во врвот на листата е уште една потврда дека домашните прехранбени брендови остануваат високо препознатливи и важни во секојдневната потрошувачка.     

Според методологијата на VALICON, силата на брендот не се мери само преку користење, туку и преку препознатливост, доверба и перцепција за незаменливост — параметри во кои домашните брендови, меѓу нив и Кристал, и натаму покажуваат стабилност.

Домашните брендови и натаму имаат силна позиција на македонскиот пазар, покажуваат резултатите од истражувањето VALICON TOP BRANDS 2025, според кое речиси половина од водечките 25 брендови во земјава се од домашно потекло. Во услови на инфлација и променливи потрошувачки навики, граѓаните и понатаму најмногу ги вреднуваат квалитетот, традицијата и довербата.

Истражувањето покажува дека македонските потрошувачи имаат изразена наклонетост кон домашни производи, особено во категориите основни и прехранбени производи, каде што лојалноста кон брендовите се гради со години.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати