„Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“- едукација на пешаците

Петар Печков

Hа неколку локации во Велес реализирана е сообраќајна превентивно - едукативна активност под мотото „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“. Главен акцент бил ставен на пешаците. Како активни учесници во сообраќајот, тие исто така имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

„Во рамки на активноста на пешаците им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации и низа други совети.  На  превентивните активности, беа опфатени и возачите, на кои им беше укажана потребата и обврската за почитување на сообраќајните правила, клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот-пешаците и особено повозрасните лица, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот“- соопштија од МВР. 

Целта на овие превентивно – едукативни активности било да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура, но и зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.

На граѓаните им биле поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот и зголемена будност и внимателност при преминувањето на улица од страна на пешаците, изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а низ непосредната комуникација им беа давани корисни совети. 

Активноста е реализирана од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес и ПС за БПС Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати