Автомобил излетал од пат, петгодишно дете тешко повредено

Петар Печков

Вчера, вторник, околу 16ч. во сообраќана незгода, тешко е  повредено  петгодишно дете. Според СВР Велес, настанот се случил на  на локалниот пат село Лисиче – село Дреново, кај место викано „Липковица“.

Автомобил  марка „Фолксваген туран“ со рег.бр.ВЕ 9327-АБ управувано од С.Б.(58) од село Долно Јаболчиште со сопатници К.Б.(39) и петгодишно дете излегло од патот на левата страна и удрило во земјен брег. Од ударот малолетното дете добило тешка телесна повреда – соопштија  од СВР Велес.

Портпаролот на велшката Болница д-р Весна Маркова информираше дека кај нив е донесено дете со тешка повреда, скрешница на лева надколеница и веднаш е препратено   упатено на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати