Викендов две сообраќајки по патиштата во велешко

Петар Печков

Викендов по патиштата во велешко се случија две сообраќајни незгоди. Во нив има две тешко повредени деца, информираа од СВР Велес.

Неделата  22-три април  околу  15 ч. на автопатот  Неготино - Велес на околу 500м. пред наплатна станица „Градско“  патнички автомобил марка „БМВ Х4“ со скопски регистарски броеви управувано од Г.Г.(74) изгубил контрола над возилото и слетал од коловозот, при што, со повреди се здобиле возачот и сопатничката кои со возило на Брза помош се пренесени во ЈЗУ Општа Болница Велес каде се констатирани телесни повреди - објавија во писмено сооптшение од СВР Велес.

Неделата вечер  22.-ри април  во 20.00 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Хјундаи“ регистарски броеви од Струга управуван од Д.Д.(61) од Струга и трактор марка  „ИМТ“  со кавадаречки регистарски  броеви  управувано од  Р.Р.(36) од Росоман, при што, со тешки телесни повреди се здобиле дванаесетгодишно и петнаесетгодишно дете сопатниците  од тракторот. Повредените се пренесени во ЈЗУ ОБ Кавадарци - пишува во информацијата на СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати