Гордана Б. Николовска промовираше три стихозбирки со љубовна поезија

Петар Печков

Родно крајната авторка Гордан Б. Николовска ги промовираше трите нејзини нови стихозбирки поезија, трилогијата од стихови  - „Недопрена љубов –прв дел, „Недопрена љубов – втор дел и „ Гласови во ноќта“. Промоцијата беше во организација на Клубот на писателите „Коста Солев Рацин“- Велес.

Промотор на трите изданија стихови беше Лила Арсова, претседателката на Клубот, која го потенцираше  блесокот на речта проткаен во стиховите на Гордана кој има силна порака за искрена љубов, човекољубие и меѓусебно почитување. Промоторката истакна дека стиховите се напишани со јасна, едноставна и богата лексика, која е разбирлива и достапна за секого.

Авторката Николовска кажа  дека оваа промоција го има мотото „ Со љубов за различните, а еднакви“ и  истакна дека песните од последната збирка „ Гласови во ноќта“ ги напишала за време на тринеделната изолација.  

„Сакајќи да ги оттргнам  мислите од сивилото на реалноста, пишував стихови и ја воспевав движечката сила во светот- љубовта, во сите нејзини димензии, болка, тага, радост, среќа, копнежи и надежи.  Доста е од дистанци и порано немавме време, а се` имавме, а сега кога имаме време се` немаме едни со други, немаме ништо, немаме емпатија едни кон други, а дружењата се редуцирани„ - рече Николовска

Таа порача дека секогаш е добро време да се направи добро дело. Нашето малку за некого значи многу. „Да бидеме нечие Сонце, нечиј ветер во грб и да се потрудиме да исцртаме насмевка на нечие лице“.

Средствата кои беа собрани од продажбата на книгите ќе бидат наменети за хумани цели, т.е. со секоја купена книга се помага на Асоцијацијата на деца и младинци „ Ластовица“ – нас. Аеродром- Скопје.

Ученици од ОУ „ Кирил и Методиј“  читаа дел од стиховите,  додека афористичарот Атанас Крлевски пред  присутните гости на промоцијата се претстави со негови афоризми.

Исто така како завршница на оваа календарска година Клубот на писатели, подели и неколку благодарници на институции и поединци со кои успешно соработуваше во 2021година. Меѓу нив и на порталот ТрМр, кој редовно информираше за активности и промоциите на делата од членовите на  Клубот на писатели. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали честите сообраќајни полициски контроли резултираа со почитување на сообраќајните правила и прописи?

  • да
  • не
  • зависи до возачите и пешаците
Резултати