Градскиот базен издаден на јавен повик, за следните пет години

Петар Печков

На електронското јавно наддавање, скопската фирма „Луксор оптик“ доби да го работи Градскиот базен во Велес. Нивната понуда била  81.634 денари  месечно, за три месеци, јули, август и септември, според јавниот повик. За останатите девет месеци надоместокот е по 3.000 денари месечно. Ова е одгворот од локалната власт на поставеното прашање од ТрМр.  Луксор оптик бил единствен пријавен за јавниот повик, за електронско наддавање. Договорот е потпишан во петокот, со што објекот е веќе во владение на закупецот. Тој ќе работи со него следните пет години.

Почетната цена на месечната закупнина изнесуваше 116.620,00 денари без ДДВ, утврдена како 0,5% од проценетата вредност на недвижната ствар, согласно Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, донесена врз основа на Законот за процена.

Во јавниот повик е прецизиран начинот како се постигнува цената.

„Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на закупнината на недвижната ствар се намалува за 2%. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на закупнината на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност. Намалувањето на вредноста на закупнината на недвижната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по првпат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање“ – пишува во објавата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати