Двајца разбојници нападнале продавачка, aма не нашле пари

Петар Печков

Саботата вечер две лица извршиле разбојништво  во киоск, ама не нашле ништо па побегнале. Настанот се случил во новиот дел на градот, на улица Благој Ѓорев.  Сторителите побегнале со празни раце, полицијата  трага по нив.  МВР  излезе со повеќе детали за разбојништвото.

 На 22 април,   околу 22,35 часот во трафиката „Леди Ди Трејд“, сопственост на В.А. две непознати лица извршиле разбојништво над вработената Т.П.(51) од Велес. Сторителите  влегле во трафиката и се заканиле на вработената, при што едното лице со едната рака и ја затнал устата  а со другата рака неколку пати ја удрил во пределот на лицето и телото, додека другото лице ги пребарувало фиоките од пултот. Откако виделе дека нема пари во фиоките, истите излегле од трафиката и се упатиле во непознат правец – стои во писмената информација на МВР. 

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Велес.  Од полицијата тврдат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати