Неделата напладне 25 возачи во Велес возеле побрзо од дозволеното

Петар Печков

Неделата, во термин од шест часа, сообраќајната полиција констатирала дека дури 25 возачи, возеле побрзо од дозволеното.

Во периодот од 12 – 18  часот неделата,  на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 62 прекршоци од кои 25 во Велес, 17 во Кавадарци и 20 во Неготино - информирааа од МВР. 

За сите прекршоци биле  изречени  соодветни казни.

Истовремено во Штип во идентична сообраќајна контрола, биле откриени 54 возачи кои возеле побрзо, во Скопје 135, во Битола 161, Куманово 164.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати