Повторно повеќе оздравени 37, отколку ново заразени 36 лица со ковид-19 во велешко

Петар Печков

 Центарот за Јавно здравје  од Велес ја објави денешната состојба, сабота, со ковид-19,   за ново заразени и оздравени во велешко.

Податоците покажуваат дека се  ново заразени 36 лица а оздравени се 37 пациенти.

Со ова бројката на активни случаи со ковид-19 во велешко е 740 а вкупниот број на заразени е 1393 лица.   Или досега оздравеле 612  лица.

Од активните случаи  63 се во велешката Болница,  две на ГОБ Скопје , шест на приватни клиники а  699 се на домашно лекување.

Во велешката Болница хоспитализирани се 78 пациенти, од кои 69 се потврдено позитивни, шест се сомнителни и тројца се негативни но со симптоми, 22 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение се 53 лица, на Одделението за физикална медицина се 14 и на Интерно 11 лица.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати