Поради лошо поврзување на електриката, условна затворска казна

Петар Печков

Шазим Муртезанов ( 47 год) од Горно Јаболчиште доби условна затворска казна бидејќи нестручно извршил приземјување на елеткро инсталација, по што подоцна починало момче. 

Тој во Основен суд Велес,  беше прогласен за виновен  за кривично дело ,,предизвикување општа опасност,,.  Муртезанов  во периодот од 1 јануари  2013 година до 30-ти јуни  2013 година по договор со сопственикот  на куќата  Кадриев,  ја уредувал   ново соградената бања при што извршил спроведувањето и поврзувањето на водоводната и електричната инсталација вклучително и поврзувањето на санитарните елементи и електричните апарати во бањата.

Но при изведувањето и поврзувањето на електричната инсталација тоа го направил без заземјување. Како резултат на неговата работа на 30-ти јуни 2013-та додека се бањал, починал дваесет годишниот Беким Кадриев.  И покрај наредената  обдукција врз телот на момчето, тоа не е дозволено од страна на неговите родители.

Стручните лица од областа на електриката појасниле дека смртта е настаната како резултат на   струен удар, но судот ова го отфрлил, бидејќи тие не биле медицински лица за да констатираат такво нешто. 

Поради ова, недостаток на обдукциски наод,  квалификацијата на обвинителството ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,  судот ја преквалификува во  ,,предизвикување општа опасност,, по што на Муртезанов му изрече алтернативна затворска казна од една година, ако во следните три стори ново кривично дело. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати