Порше вредно 120 илјади долари со регистрација Зурла

Петар Печков

Американецот Рекс Кинг воодушевен од  инструментот зурла така го крстил неговиот скап автомобил. Тој има четири зурли и три гајди и одлични свири на нив. Во чест на овие инструменти, воодушевен од нивниот звук  автомобилот Порше турбо 911, вреден 120 илјади $  му ставил регистарска табличка ,,зурла,,.

За мене нема поубава музика од македонската, поточно зурлаџиската. Сум пробал и симнал да свирам некои турски песни, но македонските не е можно.  Таа е недопирлива за мене – вели Рекс.  

Кинг кој е инженер, како млад  професионално свирел  синтисајзер во рок состав. Подоцна се сретнал со музиката на Балканот, започнал да ја свири.  Сега тој зема часови по кларинет во велешанецот Благој Ламјов. Така американецот Кинг ја користи македонската музика,  зурлата и гајдата за да ја нахрани неговата душа, да си го разубави и исполни животот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати