По шести пат акција за собирање на електричен и електронски отпад

Петар Печков

Од понеделникот, 2-ри ноември,  ЈКП Дервен ја спроведува есенската акција на собирање на електричен и електронски отпад. Таа ќе се одвива цел месец ноември, до 1-ви декември.  За прв пат ваква акција ЈКП Дервен изведе во април  2015-тата година а годинава се реализира по шести пат.

Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот живот и на следните генерации, ја спроведуваме оваа акција за собирање на користена и неупотреблива  електрична и електронска опрема. Отпадот ќе заврши на соодветно место во согласност со закон, а не на јавните површини. Го менуваме стилот на живеење  - изјавија од ЈКП Дервен.

Ги потсетуваат сограѓаните да ја искористат можноста за отстранување на овој вид отпад од домовите на велешани. Собирањето е бесплатно, без надоместок. Потсетуваат дека исфрлањето на ваков вид отпад на јавна површина е казниво.

Пријавувањето за негово отстранување е секој работен ден од 7 до 15ч.а сабота од 7 до 12ч. на телефонскиот број 043/233 768.

Повеќе информации за што се може да се исфрли како електричен и електронски отпад, има на задната страна од сметките за вода, кои се дистрибуирани до потрошувачите.  Во ланската кација беше  собрана   количина од  е-отпад од 5,8 тони.

Се уште е во тек акцијата за собирање на габаритен отпад, која ќе трае до крајот на годинава а започна во март. Поради состојбата со корона вирусот, се одвива и во продолжение. Пријавувањето за исфрлање габаритен отпад е на истиот телефон 043/233 768 со исто работно време.  

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати