Уапсен жител на Чашка, кој превезувал огревно дрво без документација

Петар Печков

По полноќ, во приколка од трактор, кај жител на Чашка пронајдени се дрва кои биле без жиг и документација.

„На 17 август  полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода З.Н (49) од Чашка, поради сторено кривично дело по член 235 став 3 „кражба на дрва“. Во 01.20 часот била извршена контрола во неговиот трактор со велешки регистарски ознаки, кој го управувал, при што во неговата приколка биле пронајдени и одземени дрва без соодветен жиг и документација“- соопштија од МВР.

Лицето е приведено во полициската станица во Велес и P. Не е прецизирано колкава количина дрво нелегално набавена, пренесувал чашкарецот.

 фото архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати