Учесникот во „Задруга“ кој како сопaтник излета од патот кај Превалец, минал со лесни повреди

Петар Печков

Учесникот во шоуто „Задруга“ Раде Лазиќ, кој на социјалните мрежи соопшти дека доживеал сообраќајка близу Велес, минал со лесни повреди и него го нема во билтените ниту на МВР, ниту на   велешка Болница, наспроти неговите тврдења дека се здобил со тешки повреди- скршеници на ребра. Лазиќ бил сопатник во автомобил на лице од Горно Оризари, кое излетало од патот кај населбата Превалец.

„„На 23 јули,  околу 23  часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Ристо Попов“, патничко возило „бмв“ со австриски национални ознаки, управувано од Ј.Џ.(28) од с.Горно Оризари, велешко, излетало од патот. Возачот бил пренесен во Општа болница во Велес, каде му биле констатирани телесни повреди“- соопшти Ристе Самарџиев, портпрол на СВР Велес.  

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат причините за излетувањето на автомобилот. Прва на местото на инцидентиот била екипа на Итната помош.

„Примен е повик за две повредени лица, кои се згрижени и веднаш префрлени на хирургија од Општа Болница“- кажа д-р Василка Пановска, началник на оваа служба.

„Во саботата пред полноќ, во 23,30 ч. примено е едно повредено лице во сообраќајка Ј.Џ., со полесни повреди. Истото е медицински третирано и пуштено на домашно лекување“-  кажа д-р Елена Ќулумова Левквоа, портпарол на Општа Болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати