48 невработени, времено ангажирани од општината во ЈКП Дервен

Петар Печков

 48 лица од Општина Велес се работно ангажирани во ЈКП Дервен за вршење на јавни работи - чистење, уредување и озеленување на општината.

Во период од шест месеци ќе се работи на чистење и уредување на градските улици, зелените површини во општината, пристапните влезови во градот, градските гробишта, брегот на река Вардар, крајбрежниот појас на езерото Младост. С

Со времено ангажираните вработувања преку овој проект ќе се овозможи дополнителна поддршка со човечки ресурси на јавното комунално претпријатие за уредување на општината; ефикасно и ефективно вршење на јавни работи за краток временски период; подобрување на социо-економската состојба на лицата и нивните семејства. Севкупната проектна координација ќе биде водена од работните тимови од Општина Велес, Центар за вработување Велес и ЈКП Дервен Велес.

За овој ангажман, времено ангажираните лица ќе добиваат по 7.600 денари паричен надомест.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати