Велешанец крадел коли во Скопје за да се извози

Петар Печков



Пријавениот, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во периодот од 05.07 до 12.08. оваа година,кога е и фатен, извршил седум одземања на автомобили,  сите во Центар во Скопје. Одземените коли се од марките „Мерцедес„ , „БМВ„ , „Пежо„ , „Рено„ , „Тофаш картал„ и „Југо„. Сите возила ги одзел на ист начин, односно откако со подесен клуч ќе ги отворел, потоа истите ги стартувал (со употреба на тастер или клуч оставен во бравата) и ги возел се додека во нив имало бензин, а потоа ги оставал и се бегал.

Бидејќи постојат сознанија дека пријавениот е сторител и на други вакви кривични дела во тек се мерки за нивно целосно расчистување и документирање, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Бидејќи истиот се бара и за издржување на затворска казна во траење од седум месеци, за претходно извршени вакви дела,  тој е предаден во Истражниот затвор во Шуто Оризари. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати