Жена нападната на улица пред нејзиниот дом, во центарот на градот, по втор пат за десетина дена

Петар Печков

Петокот вечер, непознато машко лице физички нападнало жена пред нејзиниот дом, во центарот на Велес,  при што и одзело пари и документи. При падот жената се здобила и  има  скршеница на рака.

„На 13 октомври околу 19.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Цар Самоил“ во Велес едно лице физички ја нападнало Љ.Б.(83) и ѝ одзело паричник и личен предмет“ - соопштија од МВР.

Жената е згрижена во велешка болница од каде велат дека  има скршеница на левата надлактица и поради потреба од продолжување на лекарскиот третман, е пренесена на клиника во Скопје.

Ова е трет напад и грабеж врз жената а вториот бил пред десетина дена,првиот пред две години.

Полицијата најавува   презема мерки за расчистување на случајот

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

  • да
  • не
Резултати