Салонот на Техномаркет ограбен!

Петар Печков

Според СВР Велес грабежот се случил во ноќните часови од засега непознат сторител/и  кој со метална шипка го скршил катанецот и ја отворил вратата по што влегол на ,,пазарење,, во продавницата, лоцирана кај  Мало мовче, во комплексот Чешел.

Од страна на крадецот/те биле скршено стаклото од витрините и биле украдени 20 дигитални фото апарати, 3 дигитални камери, 3 лап топ компјутери, 3 аудио апарати, 2 електрични пегли, десетина мемориски картички за фотоапарати и компјутери. Вкупната штета се проценува на 250 илјади денари. СВР Велес работи на пронаоѓање на сторителот.

Ова е трет голем грабеж во Велес годинава, по двата кои се случија на 1-ви јануари, кога во два салони за мобилни телефони, се украдени голем број на вакви апарати  а сопствениците беа оштетени со голема вреднсот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати