Уапсени петмина велешани поранешни и сегашни судии, обвинител, газда на кафана

Петар Печков

Рано утрово во шест часот во акција на Организиран криминал уапсени се петмина велешани, еден сегашен судија, двајца поранешни судии, сега адвокати, еден јавен  обвинител и еден газда на кафеана близу бензинската на  Брако.   Во ова акција  има уапсени и четворица во Скопје еден новинар, еден поранешен судија на Врховен суд и познат член на  скопското подземје.  Делото се работи во Скопје во Основен суд еден. Полицијата најави дека подоцна ќе  излезе со официјална информација. 

Уапсениот судија го водеше судењето  за убиството Ореше, обвинителот го застапуваше обвинието во овој предмет, адвокатот беше претходно истражен судија  во предметот убиство во Ореше. Сопстеникот на кафеаната не е Софра а петиот уапсен  е адвокат, поранешен судија кој водеше стопански предмети.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати