Авантурата Анаконда и анимираниот „Божикен лов на глувци“ премиерно во Киноверзум Велес

Петар Печков

Семејство доаѓа во напуштената куќа на нивната тетка за да го прослави Божик на село, несвесно дека во куќата веќе живее семејство глувци, а тие не се заинтересирани за посетители. Па затоа, само едно нешто треба да се направи: да се постават стапици, да се биде остар и да се брани.   Премиера на норвешкиот анимиран филм „Божикен лов на глувци“ во Киноверзум Велес. 

Втората премиера е авантурата „Анаконда“.Даг (Џек Блек) и Гриф (Пол Рад) се најдобри другари од детството. Отсекогаш сонувале повторно да го снимат својот најдраг филм, филмскиот класик „Анаконда“. Кризата на средната доба ќе ги натера конечно да го почнат снимањето, па тргнуваат длабоко во Амазонија. Но работите стануваат сериозни кога ќе се појави вистинска џиновска анаконда, претворајќи го нивниот комично хаотичен филмски сет во смртоносна ситуација. Филмот што сакаат да го снимат? Може и да ги убие… 

Трилерот  „Куќна помошничка“, меѓу најгледаните филмови во светот на крајот од лани и почетокот на годината.  Напната приказна за куќа полна со тајни и за опасностите што демнат зад затворената врата. Мили (Сидни Свини) е млада девојка што бара нов почеток и наоѓа работа како куќна помошничка во домот на богатиот пар Нина (Аманда Сејфрид) и Ендру (Брендон Скленар). Но она што на почетокот изгледа како безбедно засолниште набргу прераснува во стапица. Мили открива дека семејните тајни се многу поопасни и помрачни одошто можела да замисли. Истоимениот роман објавен во 2022 година стана меѓународен феномен – продаден е во над милион примероци и подолго од една година се задржа на листата на бестселери на Њујорк Тајмс. 
 
Најгледаниот филм на светот овој период е Аватар: оган и пепел најновиот филм на Џејмс Камерун, со   Сигурни Вивер, Стефан Ланг се дел од актерската екипа, во третиот дел од франшизата Аватар.  Семејството на Џејк и Нејтири се соочува со тага по смртта на Нетejам, додека се среќава со ново, агресивно племе На’ви – Народот на Пепелта, предводен од огнената Варанг, додека конфликтот на Пандора се засилува и се појавува нов морален фокус.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати