Амброзија има и во Велес

Петар Печков

Стебла на амброзија можат да се видат низ јавните површини во градот. Овие од фотографиите се  на локациите кај влезовите од станбените зградите над Пазарче во Нова  населба. Амброзијата е едногодишно растение со височина од 20 цм до 2 м , кое предизвикува алергија кај човекот. 

Поленот на амброзијата предизвикува алергија кај 10% од луѓето. Од сите поленски алергии, поленот на амброзијата е предизвикувач во 50 до 60% од случаите. Кај најчувствителните лица, 8-20 поленови зрна во 1 m3 воздух, можат да предизвикаат силни реакции, а само еднo растение амброзија произведува 1-8 милијарди поленови зрна.

Во поленот на амброзијата се констатирани 52 соединенија кои се алергогени, од кои 6 се посебно опасни. Алергиската реакција првенствено се појавува на горните дишни патишта. Отежнатото дишење и засилената секреција се основни облици на алергијата која може во некои ситуации да премине и во астматични напади. Се почесто во светот се бележат смртни случаи предизвикани од претерана алергиска реакција на амброзија. Амброзијата не предизвикува реакција само кај луѓето, туку и кај животните.

Штетноста на амброзијата во земјоделството е голема бидејќи таа, благодарејќи на исклучително силниот коренов систем и бујната вегетативна маса, од земјиштето троши големи количини хранливи материи, предизвикувајќи негово осиромашување.

Никнува од средината на април, а цвета во доцно лето и есен, од средината на јули до првите есенски мразеви. Најефикасен начин за уништување е корнењето од корен. Во природата не ја јаде ниту еден животински вид поради горчливиот вкус.

Амброзијата не е европско растение. Донесена е од Америка на некој од прекоокеанските бродови кон крајот на 19. век и од тогаш полека и незадржливо се шири низ Европа. Во моментот ја има повеќе во Европа, отколку во Америка. Зрното на поленот ја задржува ртливоста и до 40 години.

Поврзани »

ЧЕТВРТОК ПРВО АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 12 јуни 2025 година (четврток)

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати