Анѓушев- со донесените одлуки на Собранието на ОФС Велес го враќате ФК Борец во понизок ранг

Петар Печков

Кочо Анѓушев претседател на прволигашот ФК Борец и делегат на клубот на изборното собрание на ОФС, изрази незадоволство од  демократската атмосфера која владееше, но и од судиските неправди кои му се случија на клубот. Тој со примери посочи за што реагира, за потоа да ја напушти салата каде се одржуваше  изборното Собрание.   

Немам намера да бидам функционер на ниту едно ниво во ФФМ. Овој предлог јас да бидам  оверувач на записник, беше со цел да илустрирам како се одржува оркестрирано Собрание. Јас нема да поддржам Собрание и избор на делегати кои ќе подржуваат Федерација, која работи против ФК Борец.  Клубот како прволигаш е многу повеќе вреден од еден делегат, колку што има на ова собрание.  Немам намера да се собирам по кафеани и да врбувам делегати. Овој ОФС и неговите претставници треба да се борат за нашиот Борец.   Не можете да влијаете врз спонзорите да продолжат да даваат пари, ако нема ферплеј. Го доведувате во прашање постоењето на клубот рече Анѓушев.

Тој се осврна и на како што рече судиските неправди кои му се случија на клубот есенва во натпреварите од Првата  фудбалска лига.

За овој четиригодишен период од третолигаш, ФК Борец го дотеравме до прволигаш, со чесна посветена работа. Позади ова стојат вложувања на сериозни финансиски средства. Јас преку моите фирми, мене лично вложив еден милион евра.  Без финансиска помош клубот ќе се врати таму каде беше пред четири години.  Морам да кажам некои работи кои есенва се случија на клубот а не беа спортски. На Чаир против ФК  Шкупи, на полувреме претставникот на клубот влезе во просторијата на судиите. Во второ полувреме ни беа досудени два пенали, за кои можеме да расправаме дали се или не. Сето ова го виде и потпретседателот на ФФМ Ракиџиев. Но тоа го немаше во ниту еден записник, ништо не се презеде. Јас сум претседател пет години, еднаш не сум влегол во судиска просторија.    Брако ќе ги преиспита  своите одлуки за финансирање. Брако ќе покаже одговорност, парите може да се дадат и за други нешта во градот. Со одлуките донесени тука можете само да го вратите ФК Борец во понизок ранг. Вие ја одлучивте судбината на ФК Борец - рече Анѓушев, по што ја напушти салата. Овие негови реакции ги слушна и првиот човек, претседателот на ФФМ Муамер Сејдини.

На излагањето на Анѓушев реплицираше досегашниот претседател на ОФС Велес и потпретседател на ФФМ Лазар Ракиџиев.
 
Сите ние, сме вложиле нешто во фудбалот. Некои од Вас 40 години вложиле сопствен труд, сте создавале играчи, кои се` дале за клубот. Тоа е многу повеќе отколку вложените пари. Не е дека само се дава во клубот,  со секоја продажба и се добива од фудбалерите.  Со донација од ФФМ е изграден теренот на Градски, донесени столчиња, изградба на помошен терен,  реконструирани соблекувални кои ги користи ФК Борец. Не е вистина дека ако Борец излезе, нема некој друг клуб да влезе на негово место, еве Бабуна, Превалец, Локомотива, тие можат да успеат. Државата овозможила данокот на добивка, наместо кон државата да се вложи во спортот. Значи државата ги дава парите, не спонзорите - одговори  Ракиџиев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати