Велешанец каснат од змија додека работел на нива кај Караслари

Петар Печков

Велешанец е каснат од змија додека работел  на нива. Настанот се случил при крајот на минатиот месец. Ова е прво каснување на змија годинава во велешко и единствено засега за првите шест месеци.

Жител на Велес, на 74 годишна возраст е каснат во околината на село Караслари, додека работел на нива. Веднаш штом е донесен дадена му е ампула против змиски отров. Случајот е регистриран пред две седмици - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес, на прашањето на ТрМр колку казнувања од змија има ова првата половина на годината во велешко.

И лани во овој период има регистрирано едно каснување од змија во околината на село Караслари.

Од почетокот на годинава регистрирани се  13 каснувања од кучиња и мачки на жители на велешко кои дошле на Инфективно одделение да побараат помош, и оваа бројка е заедничка, објаснија од Болницата. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати