Велешанец припадник на ЕБР е позитивен на ковид-19

Петар Печков

Кај тројца од 18 полициски службеници, кои изминатата недела биле  на  извршување работни задачи во одморалиштето на МВР во Охрид, тестот на корона вирусот бил позитивен. Оваа  информација на порталот МКД.МК  ја потврдиле од  МВР. Меѓу тројцата припадници е и велешанецот, кој вчера беше регистриран како позитивен, соопштија надлежните од Велес. 

Порталот МКД.МК пишува дека по враќањето во Скопје, еден од припадниците на Единицата за брзо распоредување пројавил симптоми на заразеност на ковид-19. Направени биле тестирања кај сите 18 полицајци.

Од досега добиените резултати тројца  од нив биле позитивни, а четворица се негативни на вирусот ковид-19, додека за останатите 11 резултатите се очекуваат во текот на денешниот или утрешниот ден.

Останатите полициски службеници во моментов се наоѓаат во самоизолација, а во тек е епидемиолошка анализа кај сите 18 полициски службеници, информираат од МВР.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати