Велешанка со кавадарчанец уапсени за кражба во гостиварско

Петар Печков

МВР информираше за апсење на две лица, од Велес и Кавадарци, оти се сомнича дека извршиле кражба во работилница во гостиварско село.

„На 25 октомври  околу 14.00 часот во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Х.В.(33) и малолетник, двајцата од Кавадарци и 42-годишната И.Д. од Велес. Тие се сомничат дека извршиле кражба во работилница -сервис за поправка во гостиварски Добридол“ - соопштија од МВР.

Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека  ќе биде поднесена соодветна пријава,.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати