Во Велес денес, среда еден случај на ковид-19, еден оздравен

Петар Печков

Изминатото деноноќие во Велес е регистриран еден случај на позитивен на ковид-19 а едно лице заразено, се води како оздравено откако на два теста покажал негативни резултати од земениот брис. Ова го соопшти Министерството за здравство.

Имаме заразен пациент на 86 годишна возраст, чиј кластер не може да се прецизира. Ставени се под надзор неговото семејство, ќе видиме што ќе покажат епидемиолошката анкета - изјавија од Центарот за јавно здравје.  

Во велешко до  денес  има  65 оздравени и  53 активни  случаи, од нив 25 се на домашно лекување, 23 на Инфективно одделение,  шест се на лекување во Скопје.  Во Велешко досега се евидентирани 126 случаи на позитивни од корона вирусот, од нив осум лица починале.

На Инфективното одделение при велешка Болница денес има 23 пациенти кои се хоспитализирани, сите позитивни на ковид -19, а еден е пуштен вчера попладне како оздравен по два негативни теста на земениот брис.  

Вкупно со Решение во изолација има 130 во Велес  а со Изјава за самоизолација има 16 лица  во Велес. 

Поврзани »

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ недела се прска против комарци

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати