Во Ново Село, Општина Чашка, на полноќ четворица велешани гореле бакарни кабли

Петар Печков

Саботата по полноќ четворица велешани, биле откриени како во Ново Село, Општина  Чашка, горат бакарни кабли. Полицијата го истражува случајот и најавува дека до ОЈО Велес ќе поднесе соодветна пријава. Деталите од информацијата на СВР Велес.  

„На 30 март 2024 во 00,40 часот во село Ново село, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.С.(42 год ), С.Ф.(44 год), Н.Ф.(36 год) и С.К.(52 год) сите од Велес. Тие биле затекнати како палат бакарни кабли во селото, кои ги поседувале со испратница и транспортен формулар за отпад од фирма кои биле донесени во селото со товарно возило „пежо боксер“ со скопски регистарски ознаки“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител, предметите и возилото биле одземени и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пред три месеци,  на 22 декември, во 01.00 часот во село Богомила, велешко, полициски службеници од СВР Велес четворица жители на Скопје и еден од Богомила, затоа што кај место викано Бистрички Лаки во село Богомила палеле електрична инсталација- кабли.

 фото интернет

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ФАРМАЦЕВТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Фармацевт во оддел за обезбедување на квалитет Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА АСИСТЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Асистент за контрола на квалитет

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати