Петар Печков
Објавено: четврток, 02 јануари 2025
Три дена Велес се гуши во високи концентрации на ПМ 10 честичките. Ова го покажуваат вредностите на мерната станица на Министерството за животна средина Велес 2.
На 30 декември понеделникот ПМ10 честичките беа 115 мг/м3, вторникот на 31 декември 114 мг/м3 и на 1 јануари 110 мг/м3. Со ова е надминат прагот на информирање, а тоа е кога два последователни денови вредноста е над 100 мг/м3. Поради ова локалната власт со препораки до жителите на Велес.
„Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците, да се одложат сите активности на отворено“ – соопштија од локалната власт.